Дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ, која беше шефица на кабинетот на министерката Царовска, за „360 степени“ вели дека во Министерството за труд и социјална политика има останато и други табли со старото уставно име на државата. Ама тие, вели, не се во употреба од стапувањето на сила на Преспанскиот договор, односно на уставните амандмани.

„Во Министерството за труд и социјална политика ги има сите услови за одржување прес-конференции и тоа во согласност со Уставот. Во Министерството има и други стари табли со старото име на државата, ама тие не се во употреба по промената на Уставот. Мизрахи најде една од тие табли и реши токму пред неа да дава изјава – вели Шкријељ.

Таа смета дека техничката министерка за труд и социјална политика, со изјавата дека таблата е наследена, само се обидува да се извади, бидејќи, како што оценува, не очекувала дека случајот ќе отиде толку далеку.

„Во Министерството има и други стари табли. Има, на пример, табла од кампањата ‘Едно општесво за сите’ или за поддршка на ЛГБТИ-заедницата. Мизрахи можеше да застане и пред некоја од овие табли и да дава изјава, ама таа ја одбра таблата со старото име на државата – вели Шкријељ.