Факт е дека имавме период кога женската солидарност беше ослабната и тоа не можеме да го негираме тоа го констатираме и сега, го констатиравме и претходно. Меѓутоа морам да забележам дека имаме јакнење на таа женска солидарност во последниот период , значи имаме некој консензус дека без разлика на идеолошките разлики има некоја црвена линија која што нема да дозволиме да се помине, а тоа е таа дискриминација врз основа на род. Така да има реакции и од клубот на жените и од интерресурската група која што ги координира процесите за унапредување на родовата еднаквост во нашата земја, неколку пати кога имаше изразит говор на омраза спрема жени и без разлика од која политичка партија е. Меѓутоа мислам дека треба и одговорно би било од сите нас да внимаваме да не ги мешаме она што значи партиска агенда и борбата за каузата, изјави Санела Шкријељ, заменик министерката за труд и социјална политика во дебатната емисија 24 Анализа.