Во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе провејува снег.

Утре ќе биде студено и ветровито, а на места ќе провејува снег. Ќе дува засилен северен ветер, повремено со брзина над 60 км/час. Од недела ќе преовладува стабилно и суво време со подолги сончеви периоди и со пониски утрински температури.