Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, е регистриран во Јадранското море во близината на албанскиот град Драч.

Земјотресот бил почувствуван и во западниот дел на Македонија.

Епицентарот бил на 22 километри од Драч, градот кој што во ноември минатата година го потресе силен земјотрес, при што загинаа педесетина лица.