Земјотрес со јачина од 5,7 степени потресе регион на турско-иранската граница денеска, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Во моментов нема извештаи за штети или жртви, соопштија иранските власти. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри.

Иранските власти испратија екипи за спасување во областа на земјотресот. Потресот бил најсилно почувствуван во ненаселен реон на покраината Западен Азербејџан.