Сите вработени во јавниот сектор во локалната самоуправа, за да се појават на работа ќе треба да приложат потврда за најмалку една примена вакцина против Ковид-19, негативен ПСР тест, не постар од 72 часа, направен на сопствен трошок или потврда за прележан Ковид, не постар од 45 дена, се предлог мерките коишто Комисијата за превенција од заразни болести консензуално го донела на денешната средба.

Како што кажа Филипче од мерките се изземени случаите на ретки имунолошки состојби.

„Тоа се ретки имунолошки состојби за што ние ќе излеземе со соодветна листа на болести“, рече Филипче.

Препораката од министерството е кон мерките да се приклучат и приватните компании.