На повидок е нов скандал кој се случил пред неколку години во скопскиот кривичен суд каде биле уништувани докази.
Како што неофицијално дознава „Правосудство.мк“, во време кога со кривичниот суд претседавал Владимир Панчевски, биле уништувани бројни докази од предемети кои се однесувале на лица кои му биле подредени на тогашниот премиер Никола Груевски.

Информациите до кои дојдовме упатуваат на заклучок дека се работи за тешки форми на злоупотреба, но со оглед на тоа што за случајот допрва ќе се води кривична истрага, нема да изнесуваме други детали.

Додека се проверува дали и колку докази се уништени вреди да се потсети дека тоиму Панчевски е обвинет за бројни злоупотреби на системот АКМИС , а за неговото име се врзува и уништување на истражни судски решенија со кои на неколкумина екс-министри во Владата којашто ја предводеше Груевски со кои им се изрекуваше мерка притвор.