50-годишен маж пријавил во полиција дека бил нападнат од мајката на неговата сопруга.
Според МВР, завчера во 22.26 часот во СВР Скопје, 50-годишникот од Скопје пријавил дека на подрачјето на Аеродром, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од М.К., мајка на неговата сопруга.

Таа според пријавеното употребила и тврд предмет.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.