СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.И.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари”.
На 25.08.2022 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле 29 банкноти во апоени од по 100 евра, за кои по извршено вештачење од Народна банка на Република Северна Македонија било утврдено дека се фалсификати.