СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Т.(59) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Пријавениот, реализираните приливи на девизни парични средства во 2021 година, кои ги уплатил на сопствената девизна трансакциска сметка во банка во Скопје, не ги пријавил и не платил данок на личен доход од 10% и на тој начин го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија за износ од 268.140 денари.