Жена од Скопје пријавила дека пред неколку дена, сопругот на нејзината сестра ѝ се заканувал со пиштол нејзе и на нејзината малолетна внука, соопшти полицијата.

-Вчера во 13:30 часот во Полициската станица Бит Пазар А.Ш.(40) од Скопје пријавила дека на 10.12.2022 во семејната куќа на ул.„Славеј Планина”, Ш.Ш., сопругот на нејзината сестра, агресивно се однесувал кон неа и со огнено оружје ѝ се заканил нејзе и на нејзината малолетна внука. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.