На 19.12.2021 во 00.17 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Побожје, општина Чучер Сандево, настанал пожар во куќата сопственост на Т.С.(64).

Притоа, В.С.(35) не успеал да излезе од куќата и починал.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.