На 16.12.2021 во 17.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Новоселски пат” се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „шкода фелиција”, управуван од скопјанецот В.С.(72) и автобус „евробус”, што го управувал В.Т.(35) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото П.С.(71) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Од МВР информираат и за настрадан велосипедист во Кисела Вода.

-На 16.12.2021 во 11.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христо Татарчев”, возило „дачиа дастер”, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(42) од Скопје, удрило во велосипед управуван од Д.С.(60) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, велат од полицијата.