На 18.11.2021 во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош”, патничко возило „цитроен”, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(22) с.Сарај, скопско, удрило во три паркирани патнички возила – „пежо” и „форд фокус”, двете со скопски регистарски ознаки, и „киа”, со кумановски регистарски ознаки.

Притоа, А.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.