Во текот на вчерашниот ден, две скопјанки на возраст од 74 и 83 години пријавиле иста измама од напознато лице.

Имено, шемата е иста и кај двете жени.

Им се јавило лице на телефон, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека ќерката предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант и доколку не сака таа да лежи во затвор треба да плати.

Па така, тие ги оставиле парите на договорените места, по што се слушнале со ќерките и сфатиле дека се измамени.

Се работи за суми од 307.500 и 457.320 денари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.