Скопје денеска е најзагаден град во Европа, според податоците на сервисот Ајкуер.

Во светот, главниот град на Македонија е на 19тата позиција а пред него се градови од Африка и Азија.

Инаку веќе деветнесетти ден, скопјани дишат опасен воздух, а последниот ден кога во Скопје имаше чист воздух беше 16 декември 2023 година.