Трговскиот центар „Скопје сити мол“ во населбата Карпош повторно е отворен за посетители по евакуацијата поради дојава за бомба попладнето, но продавниците се уште се затворени.

Од МВР за Радио Слободна Европа потврдија дека станува збор за лажна дојава за бомба и додаваат дека работат на откривање на стoрителот.

Дел од булеварот „Партизански одреди“ кој беше затворен исто така е пуштен за сообраќај.

По пристигната информација за дојава за поставена бомба од МВР на терен веднаш беа испратени екипи од полицијата, како и екипа од Противпожарната бригада на Скопје со едно возило и четворица пожарникари.

Според очевидци, во трговскиот по дојавата за бомба биле вклучени сите аларми и било побарана итна евакуација.

***Обновено***

“Скопје сити мол” е отворен, дојавата за бомба била лажна. Трговскиот центар „Скопје сити мол“ во населбата Карпош повторно е отворен за посетители по евакуацијата поради дојава за бомба попладнето, но продавниците се уште се затворени.