Обвинителството и по повеќе од година, не покрена судска постапка против Лидија Димова, нејзините поранешни колеги и грантираниот Зоран Златковски, но затоа екс директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја гони институцијата со која раководеше, открива портало “А1он“.

Предметот против неа е обемен а во истрагата обвинителот прибира уште докази кои може да докажат дополнителни злоупотреби при нејзиното работење. Истовремено Димова водела постапка со тврдење дека била незаконски разрешена, дознава “А1он”.

Неофицијално Уставниот суд ја отфрлил ту\бата поради технички причини. По ова, таа се жалела до Виш управен суд, кој досега нема донесено одлука, пишува порталот.

За тоа време, обвинителството смета дека треба да добие уште документи од повеќе институции, за да може да донесе одлука. Бидејќи Димова, сопственикот на фирмата В.Е.З Трејд  Зоран Златковски  и надворешниот соработник Александар Гочев се гонат за злоупотреба на европски пари, во истрагата е вклучена и Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ). Истрагата ќе треба да покаже и дали пензионираната благајничка Ана Павлиду сторила несовесно работење во службата, за што обвинителството ја сомничи.

Целиот текст, прочитајте го на линкот ТУКА.