Софиското окружно обвинителство поведе предистражна постапка за смртна закана упатена кон Христијан Пендиков, кој беше претепан во Охрид, а подоцна опериран на ВМА во Софија..

Обвинителството добило сигнал од Главната дирекција за борба против организиран криминал – МВР, дека Пендиков добил заканувачка порака на македонски јазик во апликација на социјална мрежа, како и дека на интернет се објавуваат слики од Христијан со повици за насилство врз него, објавија бугарските медиуми.

Истрагата за случајот е доделена на ГДБОП – МВР.