Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев на својот фејсбук профил најави дека со дронови ќе се ловат лицата кои ги подметнуваат пожарите.

„Денес со дел од мојот тим излеговме на терен во месноста „Буково“, на тромеѓата помеѓу село Расино, с.Косел и с.Опејнца, каде активно гори борова шума.Од лице место, за жал, мора да констатирам дека е зафатен поголем дел од борова шума и згрозен сум од апокалиптичните сцени на опожарените места. Во исто време, сакам да им се заблагодарам на пожртвуваноста на сите вклучени чинители во справувањето со огнената стихија“, објави Јанев на својот фејсбук профил.