Едно лице е убиено со повеќе убоди од нож во инцидент кој вчера доцна вечерта се случил пред поликлиниката во Железара, дознава и пренесува Пресс24 од полициски извори.
Според се уште непотврдените и неофицијални информации, станува збор за матичен доктор на кој се уште непознат сторител му нанел 9 убоди со нож од кои тој починал.
Телото го пронашол неговиот син кој веднаш повикал полиција. Според неофицијалните информации, полициските службеници се уште се на терен.
Од МВР се уште не можеме да добиеме официјална потврда за овој случај.