Цела земја во тага и неверување за убиството на младото дете!

Социјалните мрежи со коментари за тоа каква казна треба да ги стигне сторителите.
Веднаш почна да се шири и петиција која за само неколку минути веќе има солиден број потписи.

Во дел од коментарите се вели и да се воведе посебна казна – како лекс-специјалис за овој случај, бидејќи „ затворска казна колку и да е голема во Македонија, не е соодветна казна за овие монструми“.

Во вечерашното соопштение се вели дека по преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат.

Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица.