Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Б.К.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавената, откако ја присвоила дебитната картичка на лице од Штип, во неколку наврати во Крива Паланка и Ранковце неовластено подигнала пари и се стекнала со противправна имотна корист од 8.743 денари.