По барање на СДСМ и ДУИ, Собранието попладнево пред да се распушти, го донесе и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. На оваа седница не присуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Освен овој закон, беа донесени и Законот за управување со предметите во судовите и Законот за заштита на лични податоци, Законот за инспекторатот за употреба на јазиците и Законот за урбано зеленило.