Собранието ја донесе ратификацијата за приклучување на Северна Македонија во НАТО алијансата.
Вкупно гласаа 114 пратеници и сите беа ЗА. По гласањето во салата следуваше огромен аплауз од сите страни.
Сега на ред е Шпанија да го ратификува нашето членство со што и формално ќе станеме 30-та членка на НАТО.
Законот е со одложено дејство и ќе стапи во сила откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот за нашето членство во НАТО.