Собранието најверојатно уште денеска на седница ќе расправа за измените и дополнувањата за Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата со кои ќе се овозможи граѓаните кои немаат возачки со новото уставно име да можат да продолжат да возат, дознава 24инфо.мк

Утрово прво СДСМ, а потоа и ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе достават предлог измени на законот.

Како што налага процедурата, откако пратениците ќе ја утврдат потребата од носењето на Законот, тој се сели во матичната комисија по што се враќа во пленарната сала каде треба да се усвои.

Имајќи предвид дека со актуелниот закон возачките дозволи без додавката Северна престануваат да важат од утре, се очекува попладнево измените на законот да бидат усвоени попладнево.