Докторката Аспазија Софијанова во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека не се очекува коронавирусот да направи компликации кај новороденчињата.

„Процентот на заболеност кај популацијата новороденачка, доеначка и деца е многу помала и симптомите се буквално асимтоматски“, додава таа.

Софијанова вели дека има случај на новороденче кое е негативно на коронавирус, а сега се чекаат резултатите од тестирањето на мајката.