„Јас сум човек кој нема периз на јазикот. Јас само ова го зборувам за членовите на владата. Ќе им кажам, нека си погледнат 2013 година, на затворена седница на Влада каде што се разгледуваше Извештајот за сериозен инцидент од 7.5.2013 година. Сериозен инцидент на горно небо, кога два авиона за малку ќе се судреа и ќе настанеше катастрофа од невидени размери,“ рече Сотир Костов, поранешен заменик-директор во М-НАВ во Студио 10 на ТВ 24.

Костов посочува дека присебноста на двајцата контролори и двата пилота била клучна во тој момент инцидентот да се избегне.

„Тој инцидент го сокри Фарко (Фахрудин Хамиди) како раководител на SQS. Неговата екипа ги убеди тогашните директори да не го пријават. Го откривме ние, пријавивме на министер, пријавивме во влада и дојде до еден судир. И сега пазете, тогаш министер за економија беше Беким (Незири) и Бујар Османи тие си ги одбранија, а им помогна и еден друг министер, за надворешни работи (Никола Поповски). И сега пазете кога ќе имаш татко-директор на министер (Живко Поповски), кога ќе имаш зет директор на министерка, а зборам за директори во М-НАВ, еве до што доаѓа,“потенцираше Костов.

Тој порача да се провери што се случило во 2013 година, бидејќи се е документирано, и за тоа постои и Извештај, каде ќе се потврди дека се истите актери, кои ни се случуваат после точно 10 години.