Никола Спасов, комуниколог и директор на агенцијата “Рејтинг” во вечерашното гостување во “Топ тема” на Телма телевизија со став дека здравствената криза во државата генерално е добро изменаџирана и дека компаративно стоиме подобро од повеќето земји во регионот, но и во Европа.
“Нашата земја постапи одлично од почетокот на кризата и до овој момент одлично ја менаџира кризата. Преземените мерки и начинот на којшто се менаџираше кризата беше добар и даде резултат. Кај нас кај голем дел од луѓето во моментот де факто се создаде едно задоволство, една доверба дека конечно се покажавме како држава, а имаше и транспарентност во менаџирањето на кризата. Правилна изборна стратегија е секоја изборна стратегија која ќе го има предвид јавното здравје, сè спротивно на тоа ќе се одрази негативно” – истакна Спасов.
Во однос на изборните стратегии на политичките партии и евентуалните калкулации на политичките партии за добивање политички поени, Спасов со став:
“Јас сум убеден дека целиот капитал којшто можете да го стекнете во ваков случај може целосно да ви отиде во спротивна насока и не само да го изгубите, туку и дополнително да изгубите. Граѓаните не се наивни и многу добро знаат во кој момент се започнува со калкулации со здравјето, а во кој момент има други интереси. На партиите им порачувам и сметам дека тоа е исправно како национална стратегија дека сето она што сме го добиле и како партии и како поединци може многу лесно да го изгубиме во првиот момент кога ќе почне да се калкулира” – додаде Спасов.