Оливер Спасовски вечерва на прес – конференција информираше дека е сузбиена група која издавала македонски пасоши на странци со туѓ идентитет. Во групата биле вклучени лица кои работеле во управните служби во полицијата.

215 лица, од кои 214 странци и еден македонски државјанин на овој начин успеале да се стекнат со туѓ идентитет. Станува збор за лица кои се членови на нарко катртерли, за кои има меѓународна потерница.

„Ќе биде поднесена кривична пријава до 10 лица, од кои 9 се приведени. Тие утре ќе бидат предадени на надлежниот суд“, рече Спасовски.

Тој кажа дека имале обид за саботажа, но тоа не успеало. Вели дека е недозволиво застанувањето пред правдата, и дека имало лажни вести. За ова посочи кон ВМРО-ДПМНЕ.