Слушам во изјавите кои ги даваат деновиве дека станувало збор за една патна исправа која е издадена на 29 јануари, 2019 година. Па, кој беше тогаш министер?“- праша Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, во интервјуто за Алџезира, мислејќи на тоа дека опозициската ВМРО ДПМНЕ на прес конференција кога објавувала податоци за еден од фалсификуваните пасоши заборавила да напомене дека е издадена кога нивната партија имаше министер за внатрешни.
Спасовски во интервјуто посочи и дека секој граѓанин, посебно политичар, кој има информации за криминал мора прво да ги сподели со надлежните органи.
„Меѓутоа, знаејќи дека има таква истрага, наместо со обвинителството, овие податоци се споделуваат во јавноста, во еден момент кога се знае дека ќе имаме реализација на истрагата. Тоа не може на никаков друг начин да се нарече освен обид на саботирање на истрагата, а од кои причини мислам дека ќе се покаже во наредниот период, за тоа треба обвинителството да реагира, треба да се утврдат овие факти.“- дополни Спасовски.