„Почитувани граѓани. Годинава, велигденските и рамазанските празници, како и сите други празници во овој период, мораме и ќе ги поминеме дома. Оваа година верниците своите молитви ќе ги упатиме од дома. Велигденските пораки за победа над смртта да ги упатиме од дома. Истото ќе важи и за рамазанските пораки. Од дома, преку телефон, преку интернет, секој од своето семејство, од својот сопствен дом, а не собрани по роднини и гости. Тоа нема да не направи послаби верници, напротив, тоа ќе ни го зајакне духот зашто сите знаеме дека со тоа спасуваме животи. Нашите живот зависат од однесувањето на сите нас.Никој од нас нема право да загрози туѓ живот. А живот нема да загрозиме само ако останеме дома. Да се здружиме сите и да го запреме вирусот кој му се закани на целото човештво“, рече премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција.