Домашна платежна картичка „Купувам домашно“ – Парична поддршка за граѓаните за поттикнување на домашната потрошувачка.

-Граѓаните кои имаат блокирани сметки ќе може слободно да ја добијат и користат платежната картичка. Издавање на домашните платежни картички од 18 јули 2020. Искористување на средствата од домашните платежни картички до 15 август 2020. На овој начин за краток временски период ќе се инјектираат висок износ на средства во трговијата на мало и услужната дејност- напиша премиерот Оливер Спасовски.