Нема одлуки за нови рестрикции на движење на граѓаните по вчерашното воведување на вонредната состојба во нашата земја, рече на денешната прес конференција техничкиот премиер, Оливер Спасовски.
Тој додаде дека мерките за ограничување на движењето останува во сила во Дебар и Центар Жупа.
Спасовски апелираше да се почитуваат веќе донесените владини мерки за превенција од ширењето на коронавирусот, додавајќи дека за сите нови одлуку граѓаните ќе бидат информирани на дневна основа.
Вонредната состојба не значи замирање на животот. Правата и слободите на граѓаните не се ограничуваат по автоматизам. Се продолжува да функционира како вчера. Нема нови одлуки за рестрикции во движењето. Исклучок и натаму се општините Дебар и Центар Жупа, порача техничкиот премиер.
Од прес-центарот на Владата премиерот упати порака до највозрасната популација.
„Родители баби и дедовци останете дома. Препораката е серизна. Доколку имате потреба обратете се до Општината каде има волонтери кои ќе ви помогнат или до Црвениот крст“, порача Спасовски, додавајќи дека лицата кои имаат и најмали симптоми потребно е итно да се јават на телефоните на Центрите за јавно здравје, кои веќе се достапни за јавноста.