На 17 октомври во прв круг Куманово ќе го има градоначалникот Оливер Илиевски, порача потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски и додаде дека победата е многу потребна во овој момент, бидејќи таа ќе биде победа за проекти,а не за популизам.

-Тоа ќе биде победа за да не дадеме шанса режимот повторно да се врати.

Знаете и самите колку труд и напори вложивме. Со крв ја освоивме денешната слобода. Порачувам до Груевски: Куманово ќе се спротивстави да ви даде шанса да го оживеете режимот повторно, кажа Спасовски.

Тој нагласи дека ќе бидат победени режимот, но и оние кои сакаат да се пазарат, потенцирајќи дека за Куманово досега се борела само социјалдемократијата и затоа Куманово ќе има повторно градоначалник од СДСМ.

-Еден градоначалник не смее да дозволи да има маало како Соколана и да му поминат четири години, а да знае дека улиците не се асфалтирани и дел немаат вода. При такви услови еден градоначалник не треба да се занимава со високи политики, со Бугарија, Грција… Таквите градоначалници се популисти и затоа треба да го избереме Оливер Илиевски, кој ќе крои политика на градот и ќе има визија какво ќе е Куманово после четири, осум, дваесет години, заклучи Спасовски.