Овие четири години градиме инфраструктура, училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради, тоа значи подобар живот за сите граѓани, истакна потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на изборниот караван „Најдоброто за мојата општина“, вечерва во Шуто Оризари.

Тој истака дека пример за успешно функционирање на концептот воведен од СДСМ Едно општество за сите е токму Шуто Оризари, бидејќи СДСМ не ги дели граѓаните по ниту една основа, туку обезбедува еднакви шанси за сите

Спасовски нагласи дека во изминатиот период во Шуто Оризари со поддршка на Владата е направено многу, реконстуирани се улици како Индира Ганди, улиците Рељо, Кипарска, Брегалничка, Демирхисарска, Вашингтонска, Карабуница, Злетовска и други, во подобрување на водоводната и канализационата мрежа се инвестирани 13,5 милиони денари, изградена е градинка, поставено е зеленило.

Во следните четири години продолжуваме уште повеќе и уште подобро, го носиме Најдоброто, во Шуто Оризари, изградба на атмосферска канализација, реконструкција на патишта, нови инвестиции, истакна Спасовски, нагласувајќи дека СДСМ и Коалицијата ги нуди најдобрите кандидати за советници и градоначалници.

За Шуто Оризари тоа се Ферат Асан и советничката листа предводена од Нежмие Саитова, затоа што тоа се луѓе што си ја сакаат општината и што ќе се грижат за своите сограѓани, за реализација на нови проекти, за подобрување на животот на сите граѓани во општината, нагласи Спасовски.

Тој наведе дека на другата страна стои ВМРО-ДПМНЕ со истите луѓе како во режимот, обвинети за криминал и корупција а се претставуваат како нови лица, но во Шуто Оризари се исплашија и немаат свој кандидат, бидејќи немаат што да понудат.

Ние им служиме на граѓаните, со волја, со дела, вредно и посветено работиме за развојот на секоја општина, го носиме најдоброто за државата, најдоброто за Шуто Оризари, затоа на 17 октовмри масовно ќе гласаме за бројот 12, за СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, за победа на Ферат Асан во Шуто Оризари, за победа на Петре Шилегов во Град Скопје, порача потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски.