Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски и премиер, вечерва се обрати во Куманово, заедно со претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче и кандидатот за пратеник од ИЕ 2 и претседател на ОО на СДСМ Куманово, Мартин Костовски, на завршната граѓанска трбина пред предизборниот молк на полнок, за предвремените парламентарни избори во среда, на 15 јули.

Се поклонувам оддавам признание на здравствените работници, полицајците, поражникарите, општините кои се вклучија и помогнаа да се справиме усшешно со кризата, истакна Спасовски.

„На два дена сме до предвремените парламентарни избори, најважните во историјата на нашата држава. Одлучуваме дали ќе продолжиме напред во сигурност и во европска Македонија. Сакаме сигурна и напредна Македонија. Ве повикувам сите, Македонци, Албанци, Труци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, Египќани, сите кои живеете во оваа прекрасна Македонија, да излезете на овие избори. Не е опасно, безбедно е да се гласа, ги обезбедивме сите протоколи, да излеземе и да одлучиме во среда, заедно и масовно млади и стари, мажи и жени, во уште една битка за напредна Македонија, бројот 3 за победа“, повика Спасовски од завршната граѓанска трибина во Куманово.