Со поддршка на Владата Сопиште ќе се развива така како што сакаат граѓаните, градиме она што им е потребно на граѓаните, затоа што разговараме со граѓаните, ги слушаме, затоа што имаме план и визија, затоа што го имаме Најдоброто.

За нас малите бизниси се нашите темели – воведуваме редовен месечен Локален економски форум со малите бизниси. Ги слушаме потребите на малите фирми, на гранапите, дуќаните, бидејќи нашето секојдневие е токму тоа – нашата локална економска приказна.

Владата предводена од СДСМ во минатите 4 години инвестираше 840.000 евра во 11 километри патна инфраструктура во општина Сопиште.

Овде во Сопиште завршена е рехабилитација на регионалниот пат Сопиште – Долно Соње со должина од 3,7 километри за што вложивме 220.000 евра во 2020 година. Рехабилитиран е регионалниот пат Сопиште – Говрлево долг 7,20 км, за што издвоивме 620.000,00 евра во 2020 година.

Она што го правиме како централна власт во овие четири години во сите области, придонесе денес нашите граѓани да имаат повисок животен стандард, да се отвораат нови работни места, а општините и регионите рамномерно да се развиваат За домаќинското располагање со средствата на општината гласајте за “Најдоброто” за Сопиште, за кандидатот за градоначалник на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата Сашо Стојановски, за советничката листа предводена од Драган Змејковски.