“Врз основа на тоа што го гледаме што ни се случува во државата, во градовите, за време на викендите, непочитувањето на одлуките за несобирање во поголеми групи од 5 лица, ангажманот на МВР и македонската армија во справувањето со вакви ситуации, се наложуваат рестрикции во движењето на граѓаните за време на викенди, од 16 часот до 5 часот.” – вака техничкиот премиер Оливер Спасовски во “Само интервју” на Канал 5 ја образложи причината и потребата за воведување полициски час за време на викенд.

“Тогаш луѓето нормално се најслободни и го користат секој момент да бидат надвор и во поголеми групи, а со тоа расте и ризикот. Затоа сметам дека колку повеќе ги почитуваме мерките, толку помали ќе бидат последиците и по здравјето на граѓаните, и по животот на граѓаните, и по здравствениот систем и по економијата. Затоа е многу важно сите да придонесеме.” – додаде Спасовски.

“Од оваа мерка се исклучени само земјоделците коишто се занимаваат со раноградинарски култури. Сите други земјоделци ќе можат да бидат работно ангажирани до 16 часот. Исклучокот се прави за оние што имаат пластеници и оранжерии со раноградинарски култури.” – истакна техничкиот премиер.

На прашањето дали ќе се прават отстапки за луѓето што чуваат домашни миленици, техничкиот премиер со став:

“Мерката треба да се почитува од сите граѓани. Се знае што е вонредна состојба, исклучоци не може да се направат за секој што бара, секој треба да се организира согласно одлуката.” – заклучи Спасовски.