“Во однос на тоа што го говори опозицијата, верувајте дека не сакам сега во овие тешки моменти да се занимавам со тоа што кажуваат луѓе што се занимаваат со политикантство. За политички битки секогаш има време, ама најмалку е време кога се наоѓаме во една сериозна, длабока криза која може да прогесира и да нанесе сериозен удар на нацијата и државата.”

Ваков беше одговорот на техничкиот премиер Оливер Спасовски запрашан да ги коментира сè позачестените прес-конференции на опозицијата кои изобилуваат со критики и делење лекции.

Во продолжение посочи дека службите, а и тој самиот, целосно се ставени во функција на анализирање на состојбите со цел да се помогне на граѓаните, а најмногу на оние што се наоѓаат на браникот на државата:

“Во моменетов, сите служби се ставени во функција и ги прават сите потребни анализи сè со цел да се помогне на секој секотор, особено на здравството, полицијата и армијата, оние што се на браникот на борбата против вирусот и на нив мора да им помогнеме сериозно. Кога ќе се јави потреба ќе се подготви и ребаланс на буџетот и истиот ќе биде донесен.” – заклучи техничкиот премиер Спасовски.