*** Local Caption *** Medena zemja, Honeyland, Tamara Kotevska, Ljubomir Stefanov, Nordmazedonien 2019, V'19, Features

Британскиот весник „Гардијан“ предвидува дека филмот „Медена земја“ ќе добие Оскар во категоријата најдобар документарец.

Филмскиот критичар Питер Бредшоу од „Гардијан“ предвидува дека македонскиот филм „Медена земја“ ќе ги победи конкурентите во категоријата најдобар документарен филм, „За Сама“, „Пештерата“, „На работ на демократијата“ и „Американска фабрика“ и ќе го освои Оскарот .

Според него во втората категорија каде што е номиниран „Медена земја“ (најдобар интернационален филм), Оскар ќе добие јужнокорејскиот филм „Паразит“.

Церемонијата на доделувањето на Оскарите започнува вечерва, останува да видиме дали ќе се остварат овие предвидувања.