По повеќе од 40 години чекање, конечно се реконструира полициската станица во Ресен. Креирање и воспоставување на современа инфраструктура е суштински предуслов за ефикасно и функционално работење во служба на нашите граѓани, порача денеска на прес конференција, Лиде Србиновска, Портпарол на ОО СДСМ Ресен.

Политиките и принципите на Владата на Република Северна Македонија се унапредување на полициската служба во целост, а вкупната вредност на реконструкцијата е 12 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на Министерството за внатрешни работи.

Објектот е реконструиран во целост, притоа запазувајќи ги стандардите за енергетската ефикасност и намалување на загадувањето на животната средина и исполнувајќи ги потребите за поефикасно работење и фукционирање на полициската служба во модернизирани услови.

Полицијата и локалната власт се во контуирана соработка како за време на ковид кризата така и за постигнување на што поголеми ефекти во безбедноста и сигурноста на сограѓаните.

Заедно градиме систем кој што ќе биде во наш заеднички интерес и ќе гарантира сигурност и безбедност за сите нас подеднакво. – рече Лиде Србиновска, Портпарол на ОО СДСМ Ресен.