Градоначалникот на општина Крива Паланка денеска оствари работна средба со Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.
На средбата се разговараше за можностите за изградба на фитнес зона и балон сала во Крива Паланка и воедно со директорот Мојсовски и стручните лица од Општината беа посетени и разгледани и локациите за изградба на предвидената спортска инфрастуктура со придружните содржини.
Финасиските средства за изградба/поставување на планираните спорски објекти и содржини ќе бидат обезбедени преку Агенцијата за млади и спорт.
-Еден од врвните мои приритети како градоначалник е, заедно со стручните служби од Општината да продолжиме да ја унапрдуваме и осовременуваме спортската инфраструктура и да создаваме квалитетни услови за развој на современ тренинг центар за подготовки и тренизи на младите спортисти од Крива Паланка и пошироко, порача Митовски по средбата.