Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија Рејчел Галовеј.
„На денешниот Меѓународен ден за борба против корупцијата ги дефиниравме заедничките заложби со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија, Н.Е. Рејчел Галовеј. Преку соработка и експертска поддршка за креирање иницијативи по примерот на стретегијата на Велика Британија за борба против корупцијата, зголемување транспарентност за компаниите кои работат со природни ресурси како и зјакнување капацитети на обвинителство во делот на истражните центри, уште еднаш ја потврдивме поддршката од Обединетото Кралство на Велика Британија.“ – порача Николовски по средбата.