Во рамките на Регионалната Конференција “Еден Балкан кон ЕУ” којашто се одржува во Скопје, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и сектератот за меѓународна соработка, Бојан Маричиќ, остварија средби со претставници на социјлдемократските, демократските и либералните партии во Европа и регионот.

Меѓународниот секретар на шведската социјалдемократска партија, Јохан Хасел и европратеникот Евин Инсир ги поздравиле прогресивните реформи на Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз и порачале дека СДСМ треба да биде пример за демократските и либералните партии во регионот од којшто треба да учат.

Доколку сите се стремиме кон Европската унија, тогаш треба да се знае дека се потребни храбри одлуки и храбри лидери, рекол Хасел.

Европратениците Тонино Пицула и Тања Фајон изразиле задоволство од работата на СДСМ, за што рекле дека ја имаат целосната поддршка. Европратениците го поздравиле и изборниот модел 50 – 50 со којшто 50 проценти на изборните листи на СДСМ ќе бидат жени.

Пицула и Фејон веруваат дека земјата е на вистинскиот пат и ги пофалиле реформите и мерките коишто се однесуваат на повисоки плати, социјална помош и другите коишто значително го подобуваат животото на граѓаните.

Николовски и Маричиќ остварија средба и со Саша Магазиновиќ од Сцијалдемократската партија на Босна и Херцеговина со кој го споделија искуството за патот кон Европската Унија. Магазиновиќ на средбата истакнал дека позитивниот одговор од ЕУ, односно добивањето датум за почеток на преговорите, ќе го врат оптимизот и кај земјите во регионот кои не се членки на ЕУ и ќе биде мотив да работат напорно на реформите.

Европратеникот Ранко Остојиќ, на средбата со Николовски и Маричиќ, го споделил искуството на Хрватска по добивањето датум за преговори. Тој смета дека Република Северна Македонија чекори храбро кон ЕУ, пред се поради бројните реформи коишто ги направи.

Драгослав Шумарац, потпретседателот на Демократската партија на Србија кажал дека Социјалдемократскиот сојуз е светол пример во регионот и го поздрави патот по којшто се движи СДСМ.

Николовски им за заблагодари на сите за нивното присуство на регионалната конференција како и за поддршката што Социјалдемократскиот сојуз ја добива низ годините.