Директорката на Клиниката за инфективни болести, д-р Милена Стевановиќ во дебата на „360 Степени“, зборуваше за капацитетот на клиниката и одговараше на прашање дали е загрижена за преголемиот наплив на пациенти во последниот период.

„Десетина пациенти има во мобилната болница. Видете, секако, би било неодговорно да ви кажам – не ме плаши, се е во ред. Тоа би било навистина неодговорно од мене. Секако дека ме плаши. Меѓутоа, исто така континуирано испишуваме пациенти, како полните, така и празните. Значи, да речеме, денеска сме испишале 6 пациенти, вчера сме испишале десетина пациенти, значи процесот движи. Секако дека во овој период поголемо е примањето отколку испишувањето затоа што лекувањето во принцип трае подолго отколку што би била некоја вообичаена пневмонија која би ја лекувале во болнички услови. Секако дека загрижува, секако дека секој сантиметар се гледа да се искористи максимално, а притоа да не го донесете ниту персоналот, ниту болните во ризик. Ние гледавме многу различни слики од Италија и Кина, тоа до сега не сме го виделе кај нас, и затоа се другите болнички капацитети кои ги отвораме, затоа што тоа не води ниту кон квалитетен третман, ниту кон успешно лекување, а го донесува персоналот во висок ризик од инфекција. Тоа секако нема да дозволиме да се случи. Затоа се колегите тука и се повеќе ги отвораат капацитетите“, вели д-р Стевановиќ.