Земајќи го предвид фактот дека Ковид-19 во нашата држава не ги заобиколи ниту помладите луѓе, па дури ниту децата, а регистрирани се и смртни случаи кај релативно млади лица без познати коморбидитети, директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ, во емисијата “Само вистина” на Канал 5 телевизија со став:
“И светот репортираше за истотото искуството што го имаме ние сега, заболените најчесто се луѓе со тешки хронични болести и пациенти кои се сериозно возрасни. Но, тоа не е правило. Заболуваат и други пациенти за кои не знаеме дека имаат хронични болести, односно ние немаме податок дека имаат, а можеби не знаат и самите пациенти дека имаат. Не се ретки таквите состојби кои не се познати сè додека не се појави сериозен проблем. Имаме и релативно млади пациенти и помлади пациенти, па дури и деца.
Децата, од она што го имаме како исклучително лимитирано искуство, исто така заболуваат од коронавирус. Дел од заболените деца регистрирани кај нас се лекуваа во домашни услови и немаа никакви симптоми, односно не развија никаква клиничка слика. Од оние деца кои ги примивме, тие се со развиена симптоматологија на покачена температура, кај некои дури и висока температура и наод на белите дробови. Сите деца се стабилни, колегите од Педијатрија секојдневно доаѓаат да направат визита и можам да кажам дека сите деца се безбедни. Искуствата во светот зборуваат за поблаги клинички слики кај децата, ако веќе мора да гледаме инфицирани деца” – заклучи Стевановиќ.