-Заштитата на здравјето и подигнувањето на квалитетот на здравствените услуги за граѓаните, ќе биде еден од нашите основни приоритети во периодот што следува. Како држава, во моментов, според сите параметри од релевантните и реномирани европски и светски институции, сме оценети како земја која што се уште се води како ризична зона во однос на исходот од справувањето со корона кризата, порача денеск на  прес конференција на Синиша Стојаноски, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1 и претседател на комисија за здравство .
-Постои голема веројатност за нов бран на КОВИД-19 кој што се очекува од месец септември. Оттука, мошне е важно да имаме влада која е посветена и знае како да се справи со потенцијалните предизвици. ВМРО-ДПМНЕ со Преодната стратегија за првите 100 дена влада, се обврзува на зајакнување на капацитетите на јавното здравство. Државата и граѓаните никогаш повеќе нема да се соочат со хаосот во секторот на здравство. – вели Стојаноски.
Тој порача дека во првите 100 дена ќе формираат национално координативно тело за здравствена дејност, како и целосно нов концепт за функционирање на болниците.
-Ќе се зајакнат целокупните болнички капацитети, со акцент особено на инфективните одделенија во земјата, во насока на тоа да го дочекаме подготвени новиот потенцијален пик на корона вирусот.
Предвидуваме комплетно спроведување на дигитализација и аплицирање на концептот Е-здравство, односно здравство без хартија. – порача тој.