Целиот живот го минувам работејќи на заштитата на македонското културно наследство, изјави Велика Стојкова- Серафимовска, членот на комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

„И се уште, и по толку години, се радувам и се изненадувам со народната мудрост, на мудроста на Македонија.

Македонија денеска е пред можеби најголемиот предизвик што со себе го носи епидемијата на короната.

Таа удри врз здравјето, но удри и врз економијата, а сето тоа удира врз нашето достоинство.

Историјата покажала и докажала дека македонскиот народ е мудар да изнајде свои решенија па дури и тогаш кога немало кој да го слушне.

Предизвиците на денешното време ја бараат мудроста од сите.

Таа мудрост сега, денес, преточете ја во предлози и идеи за надминување на здравствената и економската криза.

Пред се, како да им помогнеме на работниците, нивните компании да не се затворат, како да останат работните места, како да им помогнеме на земјоделците, да може да произведуваат повеќе храна, и секако како да им помогнеме на здравствените работници они што се први на удар.

Но, во овие услови како да им се помогне и на културните работници бидејќи културата и уметноста се тие кои не одржале низ сите предизвици, и културата и уметноста се тие кои ќе не одржат пред новите предизвици на денешницата.

Заедно можеме се, заедно ќе се избориме и со овие предизвици.

Пишете ни, испратете ни ги вашите предлози и идеи, пишете ни што ве мачи и како може да се надминат проблемите.

Сите ваши иницијативи внимателно ќе ги разгледаме, а од нив ќе понудиме решенија пред институциите со можност истите да бидат спроведени.

Приклучете се на иницијативата „Вашите проблеми, заеднички до решенија: ЗАТОА ШТО ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА“, истакна Стојкова- Серафимовска.