Огромен пожар беснее во Мариово со линија на огнот долга дури 20 километри. Поради итноста на работите во Прилеп заседаваше кризен штаб во присуство на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов каде се донесе одлука со авиони и од терен да се гаси огнот. Во пожарот ќе бидат вклучени и воздухоплови.

„Рано утринава, околу 200 луѓе – пожарникари, припадници на Армијата, полицајци, вработени во „Национални шуми“, но и локално население се очекува да се упатат кон пожарот во Мариовско и да интервенираат на негово гасење. Ова синоќа во видеоизјава го најави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, откако пожарот кај Мариово ескалираше, зафаќајќи ја линијата на огнот над 20 километри“.